И ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во самоизолација …

Откако министерот Венко Филипче објави дека и лидерот на ВMРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е ставен во самоизолација, бидејќи бил блиску до заразен новинар, во партијата се уште не знаат какви мерки ќе мора да преземат, но уверуваат дека и досега ги почитувале тие што беа препорачани од надлежните органи во државата.

-Ние презедовме се да се заштитиме. Во штабот престојуваме со маски и имаме сретства за дезинфекција. На влезот , на пријавницата, на сите што влегуваат им се мери температурата, изјави Димче Арсовски, портпарол на партијата.

Сепак, тие што биле во контакт со лидерот Мицкоски, се подготвуваат за десетдневна изолација, а за другите мерки ќе соопштат во текот на денот.

Според информации од партијата Мицкоски за изложеноста на корона вирусот дознал официјално, по јавувањето од Институтот за јавно здравје синоќа, кога и бил спроведен тестот.

Во СДСМ нема конкретна одлука што натаму, освен пораката дека во партијата ќе ги почитуваат сите мерки што ги предлагаат надлежните институции. Како и сите граѓани, нема дилема, велат тие, дека Зоран Заев ќе ја испочитува самоизолацијата, со додавка дека многу од нив биле во контакт со лидерот изминатите денови. Некои самоиницијативно се ставиле во самоизолација.

- Реклама -