ВМРО-ДПМНЕ: Кој ги мести СДС и Бектеши? ФЕЦ Новаци е далеку од најголема фотоволтаична електрана во регионот

„Кој ги мести СДС и Бектеши? Свесно лажат, ФЕЦ Новаци е далеку од најголема фотоволтаична електрана во регионот“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашното свечено отворање на приватната фотоволтаична електроцентрала – „ФЕЦ Новаци“, која, според Владата, е најголема на Балканот.

„Ако свесно не лажат СДС и Бектеши, тогаш воопшто поим немаат дека во регионот веќе има далеку поголеми фотоволтаични централи, како 204 МВ електрана во Грција и 123 МВ електрана во Бугарија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, нејасно е зошто власта се обидува да манипулираат со работи кои, како што велат, се лесно проверливи.

„Со СДС и Бектеши, Македонија плаќа најскапа струја до сега, а тоа е зошто владата не влезе во реализација на ниту еден значаен капитален проект кој ќе обезбеди поефтина базна енергија и ќе влијае на пад на цените“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, со оценка дека „СДС и Бектеши се национална катастрофа за енергетиката“ и дека потребни се промени.

Прочитајте и:  Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје
- Реклама -