ВМРО-ДПМНЕ: Не очекувавме на Вилма Рускоска и Добрила Кацарска да им се допаднат спотовите

„Не очекувавме на Вилма Рускоска и Добрила Кацарска да им се допаднат спотовите на ВМРО-ДПМНЕ кои ја отсликуваат вистината, исто како што на Македонија не ѝ се допаѓа тоа што во државата се амнестира криминалот“, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ откако обвинителката Вилма Русковска и судијката Добрила Кацарска реагираа на тоа што се спомнуваат и со лик и со име во политичките предизборни спотови на опозицијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Вилма Рускоска молчи за изјавата дека се дадени 300 илјади евра на Рашкоски и Заев, за 6-те милиони евра изнуда на братот на судијката Димишкова, за туцето пари на Ден Дончев, за тоа како луѓе од власта нарачуваат палење на автомобили и други случаи.

„Нема потреба од нови амнестии за Заев, обвинителството го прави тоа за него“, велат во соопштението.

Освен што ги обвинуваат Рускоска и Кацарска дека не реагираат за криминалот во државата, од ВМРО-ДПМНЕ ги обвинија и дека стануваат адвокати на Зоран Заев.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

„Сигурни сме дека јавноста има уште една шанса на дело да ја види нивната улога, овојпат како цензор на СДСМ против кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Веројатно спотот со приказната за Зоки, Рада, Вицето и ликот Вилма која дава можност политичарите да одберат обвинение за своите противници дополнително ја допрело обвинителката Вилма Рускоска која во името ‘Вилма’ се препознала себеси како извршител на нарачките од Заев.

Во однос на спотот сите совпаѓања со спотот на ВМРО-ДПМНЕ се случајни, освен оние кои не се!

А, за второто видео за кое реагира Вилма Рускоска и Кацарска ја отсликува жалната реалност дека Рускоска и Кацарска станаа синоним за неправдите на Зоран Заев и Луј Витон правниот систем во Република Македонија. Истиот тој систем овозможува неказнивост на криминалот, а тоа ќе се реформира по 15 јули“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -