ВМРО-ДПМНЕ: Не сме сигурни дали последниот статус е напишан од Заев

„Не сме сигурни дали позади ФБ статусот стои Зоран Заев, но ако е тој нека одговори кога ќе си поднесе оставка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ по Фејсбук објавата на премиерот Заев откако опозицијата поднесе иницијатива за гласање (не)доверба на Владата.

„Со оглед на фактот што цели осум дена го нема никаде во јавност Зоран Заев кој инаку најави оставка и го снема, отвораме дилема дали вистински седи и позади неговиот последен ФБ статус.

Доколку е навистина тој, тогаш добро е да одговори макар и на ФБ, кога ќе си го исполни последното ветување за оставка од премиер и претседател на СДСМ?“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Од опозициската партија посочуваат и дека, според нив, кога Заев зборува за кауза, ЕУ, Бугарија и Охридскиот договор, единствено мисли на заштита на криминалот, тендерите, кражбите во РЕК.

„Единствено Заев е загрижен за фотелјата, не и за иднината на државата“, се вели во реакцијата.

- Реклама -