ВМРО-ДПМНЕ нема да го почитува пописот

 

„СДСМ успеа, односно се труди да донесе фалсификат попис, односно да направи пописен инженеринг како што направија и изборен инженеринг“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. На денешната прес-конференција, членот на ИК – Стефан Андоновски, прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе повика на бојкот на пописот, со оглед дека власта ги одби сите амандмани и извесно е дека ќе го донесе законот, најави дека најголемата опозициска партија нема да го поддржи и нема да ги почитува резултатите од пописот.

Како што истакна Андоновски, за нив се нејасни три поенти:

„Првата, зошто не се објавува методологијата на попишување која што требаше да биде интегриран дел на Законот за попис за сите да ја видат?

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

Под број два, зошто СДСМ е против терминалите за отпечаток на прст кои што секако треба да се набават и е законска обврска за локалните избори кои ќе се одржат оваа година?

И третиот дел, тоа е дека СДСМ се обидува да направи попис во кој луѓето нема да имаат доверба, граѓаните нема да имаат доверба и институциите нема да имаат доверба“, рече тој.

„Ние имаме принципиелен и јасен став, нема да го поддржиме, нема да го почитуваме и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе кредибилен попис по сите стандарди на ЕВРОСТАТ и другите европски и институции на Обединетите Нации“, порача Андоновски.

- Реклама -