ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорен пристап на Заев кон идентитетот и историјата

„Неодговорен, несовесен, ненаучен и игнорантски, пристап на власта и Зоран Заев кон прашањето со Бугарија, надополнето со нула однос и емоција кон идентитетот и историјата на нашата земја.

Впрочем исто каков што им е односот кон сѐ што е важно за овој народ и земја, како што имаа однос кон лицата кои трагично го загубија животот во тетовската болница, како што имаа катастрофален и неодговорен однос кон настраданите од пожарите, кон земјоделците, КОВИД кризата.

Така и сега ноншалантно се пристапува кон вака суштинско прашање, заборавајќи на Конвенцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ а изгласана од сите, вклучително и партијата на Заев, во Парламентот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за последните изјави на премиерот Зоран Заев во обид да го аргументира бришењето на „бугарски“ од „фашистички окупатор“ секаде на спомениците и во учебниците.

„Се сомневаме дека овие потези на Заев се за да ја наметне темата со Бугарија во кампањата за да им каже на странците кои веќе кренале раце од него ‘еве јас сѐ ќе прифатам спасувајте ме на избори’. А не сфаќа Заев дека тука гласаат граѓаните на оваа земја и дека меѓународниот фактор веќе го запознаа многу добро, знаат сѐ што се случува и што сѐ прави овој човек и нема повторно да паднат на неговите измами, едноставно нема да бидат вовлечени“, додаваат од опозицијата.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Според нив, очигледно е дека Заев, како што велат, очајно бара кавга на етнички и национални теми, и за негова жал веќе сите го читаат и се чудат до кај е спремен да оди.

„И сега е најопасен за себе и за јавноста. Едноставно со ваков човек не може да очекувате некаква иднина освен да е сѐ исто како што е досега.

Се надеваме дека баш со оваа постапка ја исплаќа поволната анкета на бугарските газди од агенцијата што многу сака Заев да води и да победи, а со која си го храни членството и своето его, а и самиот знае дека е лажна. Заради ова ли Бугарите сакаат да победи? За да ја ретушира сопствената историја? Да прави постапки заради кои цел свет ќе се чуди?“, се вели во реакцијата.

- Реклама -