ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била пообединета, а Груевски да престане да го прави тоа што не сака и нему да му го прават – порачува Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека наивно е да се верува дека измените на Кривичниот законик се едно обични измени, туку дека станува збор за сценарио што го подготвило „оската ДУИ-СДСМ и структури и дел од поранешните раководства во ВМРО – ДПМНЕ“ за да се обезбеди мнозинство за да се гласаат уставните измени според бугарскиот диктат, а потоа да се спушти потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата, според него, никогаш не била пообединета, а на Груевски му порача да не го прави тоа што не сака и нему да му го прават.

-Јас тоа што имав да кажам поврзано со Никола Груевски го кажав јасно и гласно и немам што повеќе на тоа да додадам. Она што можам да го кажам е дека наивно е да се верува дека станува збор само за едни обични измени во Кривичниот законик. Ова е многу повеќе од тоа. Ова беше едно сценарио кое што го подготвуваше оската ДУИ-СДСМ и структури и дел од поранешните раководства во ВМРО – ДПМНЕ. Ова беше смислено сценарио најприн да се обезбеди мнозинство со кое ќе се гласаат уставните измени според бугарскиот диктат. Откако видоа дека тоа нема да се случи бидејќи јасно беше гласањето, оние 44 пратеника од коалицијата, тоа се сите пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот тогаш вториот чекор во кој инвестира власта и оската СДСМ, ДУИ и дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ тоа беше да се спушти потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски во изјава дадена во Општина Ѓорче Петров.

СДСМ и ДУИ, според него, би биле најсреќни на следни избори ВМРО-ДПМНЕ да има педесетина пратеници, бидејќи сега, како што рече,„знаат дека сме многу блиску до мнозинство во Парламентот.

-И на тој начин при формирањето на нивната Влада да се уценува ВМРО-ДПМНЕ при формирањето на таа Влада да го прифати би рекол бугарскиот диктат. Она што јас можам да го кажам дека ниту сега ниту во иднина, додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ овој бугарски диктат по цена и на тоа да ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ги брани овие позиции нема да го прифатам бугарскиот диктат и овие услови кои ги нуди оваа оска од СДСМ-ДУИ и дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ сега колумнисти. Тоа треба на секого да му е јасно, такво нешто ниту ќе се случи сега ниту пак во иднина, дециден е Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

За информациите во јавноста за раскол во партијата, лидерот на опозициската партија потенцираше дека не само што нема раскол во ВМРО-ДПМНЕ туку дека партијата никогаш не била пообединета.

-Но од друга страна можете да забележите дека кога се гласаше дневниот ред за уставните измени ќе забележите дека двајца пратениците од коалицијата на СДСМ не гласаа. Истовремено ќе видите дека од ДУИ на дневна основа се појавува некој, па дури имаме и нови политички партии. Што значи дека расколот е на друго место. Во ВМРО-ДПМНЕ постпи една кохезија како никогаш досега, нагласи Мицкоски.

И на крајот од денот, додава тој, ако навистина има раскол тоа значи дека тие имаат подобра позиција сега и нека го распуштат Парламентот.

-Да одиме на предвремени парламентарни избори и нека го искористат овој момент, ако се толку силни, рече Мицкоски додавајќи дека тоа е единствениот начин да се покаже каде има раскол.

За седницата на Централниот комитет рече дека станува збор за редовен состанок и дека треба да се носат одлуки бидејќи, како што кажа, за шест месеци од сега ќе имаме избори претседателски и парламентарни.

-Се докомплетираат структурите на партијата, така што тоа се редовни процеси и на Извршниот и на Централниот комитет, додаде тој.

Прашан за серијата обвинувања од поранешниот премиер и лидер на партијата во егзил Никола Груевски, Мицкоски рече неговата порака до него е: „не би сакал никогаш да им правам на луѓето тоа што не сакам луѓето мене да ми прават“.

- Реклама -