ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно виното му штети на Маричиќ

„Не знаеме дали Маричиќ, бил на винскиот саем во Белград, но по изјавите и постапките потврдува дека бил и дека уживал во доброто вино. Факт е дека виното му штети, затоа да бидеме сериозни подобро е да пие витамини, наместо вино“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Маричиќ во која ги посочи како главен виновник за „блокадата“ на европскиот пат на земјава, мислејќи на уставните измени.

„Маричиќ е министерот кој го има најлошиот извештај на Европската Унија досега. Дополнително, европската агенда е блокирана пред сè поради неспособноста и криминалот на владата, и поради обидот да се наметне бугарски диктат кој го подржува владата на Ковачевски“, му одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите

„Со Маричиќ и со СДС и ДУИ, ЕУ е само далечна желба наместо реалност на која треба да работиме“, велат од опозицијата.

- Реклама -