ВМРО-ДПМНЕ ѝ откажа љубов на Русија

Јасни се позициите на Македонија, кои се темелат на нашиот национален и државен интерес, а тоа е НАТО и ЕУ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој не ги коментира позициите на Русија во однос на нивната партија. Аналитичарите оценуваат дека претходното раководство имало блиски односи со Москва.

Неконзистентност во политиките на ВМРО-ДПМНЕ кога се работи за односот кон Русија и кон западните земји или пак погрешно протолкувани сигнали и пораки. Ова се дилемите што се отворија откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во изјава рече дека Москва не е партнер и ја поддржа одлуката на Владата да протера руски дипломат што предизвика реакција од руската амбасада.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот превоз не се ни појави пред советниците со план за набавка на нови автобуси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на чело на партијата застана пред четири месеци, во интервјуто на Радио Слободна Европа, што во целост ќе го емитуваме в недела, на прашањето како ја коментира реакцијата на амбасадата на Русија вели дека не знае на што се должи.

„Мислам дека јасни се позициите на Република Македонија кои се темелат на нашиот национален и државен интерес, а тоа е НАТО и ЕУ интеграција“, вели Мицкоски.

Рускиот амбасадор, Олег Шчербак, пак вчера рече дека поради својата неконзистентност, ВМРО-ДПМНЕ ја изгубила власта.

Целата статија на РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА

ВМРО-ДПМНЕ се оттргнува од руската прегратка

- Реклама -