ВМРО-ДПМНЕ размислува околу продажба на „Белата палата“

Фото: Магазин.мк

Во интервју за порталот МКД.мк, лидерот на опозицијата – Христијан Мицкоски, најави дека во партијата размислуваат за рационализација на трошоците, а со тоа и за продажба или изнајмување на објектот на седиштето на партијата, познат како Бела палата.

„Размислуваме за рационализација на трошоците во партијата. Ако имаме соодветна понуда, објектот на штабот на партијата би го продале или би го изнајмувале доколку има соодветна понуда. Сега правиме еден вид на скенирање на пазарот, па ќе видиме…“, вели Мицкоски.

Обемното интервју можете да го прочитате ТУКА.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ
- Реклама -