ВМРО-ДПМНЕ за наводниот договор со ДУИ: Информации од непроверени извори не коментираме и демантираме

Од ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да ја коментираат веста на порталот на албански јазик „Лајм“ дека наводно се договориле за идната влада со ДУИ, со „прифаќање на барањето за премиер Албанец“.

„ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање на парламентарно мнозинство. Информации од непотврдени и непроверени извори нема да потврдуваме, ниту демантираме“, рекле од партијата во одговор за порталот „Република“.

 

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството
- Реклама -