Премиерот Заев од Брисел најави прослава во 15 македонски градови, во сабота, за поканата за членство во НАТО.
На вчерашниот ден од Самитот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберк, рече дека Македонија добива покана, но пред да стане полноправна членка на Алијансата, мора да го реализира Договорот од Преспа, односно да го промени името соодвето договореното со Атина.
Сепак, дури и овие услови не го запреа премиерот да ги покани граѓаните на голема прослава:
-Од денеска Македонија оди само напред а граѓаните нижат уште еден голем испех. Честито Македонија. НАТО одлучи да биде врачена покана да станеме 30 членка на Алијансата. Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји на светот. Ова е покана за полноправо членство во најголемиот сојуз за мир и безбедност на меѓународната сцена. Дочекавме уште еден голем ден. Ги остваривме нашите заеднички страшетки цели, нашите заеднички сонови и надежи. Да продолжиме да чекориме до следната голема одлука кога повторно ќе кажеме “да” за нашата иднина и за македонската иднина. Ве повикувам во сабота, на 14 јули, да прославиме заедно во градовите низ Македонија. Владата подготвува прослави во 15 градови каде што со домашна музика ќе си честитаме затоа што одиме напред, Македонија влегува во НАТО и чекори кон ЕУ – кажа Заев во своето обраќање кон македонската јавност.