Во 3 потези визуелно смалете го носот (ВИДЕО)

Веќе безброј пати сме се увериле дека со совршена шминка на лицето може да се прикрие и најмалиот недостаток, но и да се нагласи само најдоброто. Но, со цел да се постигне одреден ефект не мора да бидете професионален шминкер, туку треба да научите неколку трикови кои гарантираат многу интересни резултати. Дали знаевте дека со само неколку правилни потези со шминката можете визуелно да го обликувате дури и смалите вашиот нос? Дознајте како:

Добрата основа е база на секоја добра шминка и пред да започнете со засенчување, на лицето нанесете хидратантна крема а потоа крем пудрата која на крај ќе ја фиксирате со пудра во прав.

1. Коректор

Коректорот кој го нанесуваме на темните кругови околу очите мора да биде неколку нијанси посветлол од бојата на лицето. Тој може да биде во форма на течност, стик или крем.

Нанесете го коректорот во тенка линија по средината на носот и на рабовите со нежно тапкање на прстите за да се вклопи со остатокот на кожата.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

2. Бронзер

Бронзерот мора секогаш да биде неколку нијанси потемен од бојата на лицето, а доаѓа во земјени тонови, а се препорачува ладни тонови кои не содржат портокалов пигмент. Неговата цел е да затемни одредени делови од лицето и да се истакнат или пак прикријат недостатоците. Тој може да биде во прав или стик.

На врвот на вашиот прист или на тенка четка ставете малку бронзер и нанесете на вдлабнатината меѓу ноздрите и врвот на носот. Со тапкање или со четкичка направете линија и ирамнете ја со остатокот од носот.

3. Дополнителен ефект

За посилна, вечерна шминка посегнете по уште поефикасен трик. На четката нанесете уште бронзер и веќе засенчениот нос дополнително нагласете ги сенките.

Со четката направете тенка линија и засенчете ја целата должина на носот од крајот на веѓите до врвот на носот. Со тапкање или со четката размачкајте го бронзерот кон коренот на носот, одностно кон лицето.

- Реклама -