Во близина на брегот на Израел откриенa голема резерва на природен гас

Анкара, 7 ноември 2022 (МИА) – Компанијата за сондажа на гас и нафта „Енерџиан“ денеска соопшти дека открила големи количини гас во близина на брегот на Израел, пренесува агенцијата Анадолија.

Компанијата соопшти дека во бунарот „Зевс“, во кој се вршело сондажното дупчење, откриени се 13 милијарди кубни метри гас, информира весникот „Ерусалим пост“.

„По почетокот на црпењето од нашиот резервоар Кариш минатата недела, среќен сум што нашата програма, која досега донесе пет бунари, продолжува со успеси, обезбедувајќи сигурност во снабдувањето и енергетска конкуренција во регионот“, изјави Матиос Ригас, извршниот директор на „Енерџиан“.

„Сметаме дека има голем број потенцијални опции за комерцијализација на областа Олимп, и за новата и нашата постоечка, уникатна инфраструктура. Очекуваме да се посветиме на развојниот концепт во првата половина од 2023 година“, рече Ригас.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Компанијата истакна дека областа Олимп, која се наоѓа помеѓу гасните полиња Кариш и Танин, е богата со гас и е комерцијално исплатлива, пренесе Анадолија.

Откривањето на гасот се случи по неколку дена откако Израел и Либан потпишаа договор, со посредство на САД, за демаркација на нивната поморска граница, што им овозможи и на Тел Авив и Бејрут да спроведуваат дупчења во нивните ексклузивни економски зони.

- Реклама -