Со возило и мегафон, Општина Чаир вчера ги „патpoлираше“ улиците во општината и ги повика граѓаните да останат дома.
„Драги граѓани, ве молиме останете дома! Не излегувајте без потреба! Одржувајте ја хигиената и следете ги инструкциите од Владата! Нема место за паника“, беше пораката што се упатуваше преку мегафон, од возилото кое во амбиент на речиси целосно празните споредни улици потсетуваше на сцена од серијата „Чepнобил“.
„Состојбата со Корона Вирусот нѐ тангира сите нас. Затоа, ние како Општина Чаир, вклучувајки се на платформата ‘се грижиме’, ви се обраќаме со совети бидејќи сега е моментот кога треба да покажеме граѓанска солидарност“, порачаа од Општина Чаир преку соопштение на социјалните мрежи.
„Сите, со голема грижа и одговорност, да придонесеме за побрзо надминување на состојбата.
Останете дома, не излегувајте без потреба. Нема место за паника, но за грижа – Да.
Одржувајте ја хигиената на ниво и следете ги инструкциите на надлежните органи. Заедно можеме да го надминеме и ова!“, се вели во соопштението.