Во чест на Денот на виното и љубовта, во периодот од 13 до 16 февруари, посетителите на Дајмонд мол ќе имаат можност да уживаат во специјален Саем посветен на виното и чоколадото.
Во текот на овие денови, во соработка со домашни и меѓународни вински куќи и производители на слатки, гостите ќе можат да дегустираат внимателно одбрани вина и врвни кондиторски производи.Овој саем претставува извонредна можност за сите љубители на префинети вкусови да уживаат во совршени комбинации на ароми и текстури.
За дополнително збогатување на настанот, специјален гостин ќе биде познатиот кондитор Петко Костадинов. Во сабота, 15 февруари, од 12:00 до 14:00 часот, тој ќе одржи интерактивна слаткарска работилница каде што посетителите ќе имаат прилика да научат нови техники и трикови во подготовката на десерти. Потоа, во недела, 16 февруари, од 12:00 часот, следи несекојдневно чоколадно шоу, каде што во живо ќе биде изработено џиновско чоколадо со импресивни димензии од два метра должина и 80 сантиметри ширина – вистинска уметност во светот на слатките.




