Во домот на Џенифер Лопез

Џенифер Лопез ја продава куќата во  Калифорнија, во која што живееше заедно со поранешниот сопруг Марк Ентони, по цена од 17 милиони долари. Областа на домот е 1580 квадратни метри, а парцелата, на која што е лоцирана изнесува 3 хектари. Лопез и Ентони го купиле овој дом во 2010 година за 8,2 милиони долари, а се разделија само една и пол година по вселувањето.

Домот бил реновиран два пати, откако го купила пејачката.

Дизајнерот Мишел Варкман раскажува дека бил ангажиран да го преобрази домот во Шато во француски стил. Работата била речиси готова, кога Џенифер го променила мислењето и одлучила дека сака живеалиште со модерен изглед, па се започнало од почеток.

Прочитајте и:  Поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез, а има многу добра причина за тоа 

Џенифер Лопез неодамна купи пентхаус во Њујорк, каде што е соседка на Челзи Клинтон.

Во продолжение ве носиме на обиколка во внатрешноста од овој луксузен дом.

j1(28) j2(26) j3(25) j4(21) j5(22) j6(16) j7(17) j8(15) (1) j10(13) j11(2) j12(2) j13(1) j14(1)

 

- Реклама -