Има денови кога успеваме да пронајдеме и да ви презентираме совршена мешавина на женственост, романтика, сладникавост, розово, чисто и куклено. Затоа ќе ве запознаеме со Катерина Шепард (Catherine Sheppard). По професија е моден стилист и по нејзината работа може да се трага во различни изданија на списанија како The Knot, каде што заедно со исклучителната Елизабет Месина, создаваат одлични фотосесии.
Нејзиниот прекрасен дом е олицетворение на земски рај, обоен во розова, бела и златна. Повеќе за Катерина, можете да дознаете во нејзиниот блог “The Life Styled” .