…….. Порача коктел. Ретко се случуваше, но кога се случуваше јасно беше дека расположението и забавата се на повидок… Пиеше бледо црвен коктел… усните и жареа со иста боја, очите и беа истакнати со тенка црна линија и многу маскара. Јаболкниците и го исцртуваа убавото ,,порцеланско,, лице… а насмевката и погледот го надополнуваа тој впечатливо шармантен изглед. Иако седеше во женско друштво, мислеше само на него, и скришум погледнуваше во својот телефон. Големиот прстен и црвените нокти и ја украсуваа раката, ја украсуваа цигарата која ја држеше во рака. Така отмено и ненападно. Не сакаше цигари, ама со добар пијалок сакаше да запали по една, да го пренесе своето расположение, да ја држи додека танцува заедно со заледената чаша во рака…….. Женски муабети колку што ти душа сака. Со нејзиниот изглед, говор и тон беше многу занимлива соговорничка, милозвучна да ја слушаш, слатка да ја гледаш…. не можеш а да не ја засакаш. Нејзиниот шарм ти одекнува во мислите, во очите и во срцето. А нејзината смисла за хумор те настојува да останеш. ,,Каде е?,, – си помисли. Минатата вечер не заврши добро. Беше љубоморна, не сакаше кога други девојки има околу него, а тогаш имаше. Негативни вибрации се појавија во неа, и без дополнителни прашања за кој, како, зошто, од каде… му се приближи и му кажа ,,готово е,,.
Првичната сликата оддалеку ја збуни… Пак? Не, не сакаше ни да помисли на тоа… но самите слики и се враќаа, и одекнуваше во главата нејзиното плачење, размачканата шминка… и како замрзната стои пред него, без да каже збор, со болка во градите. Стоеше тогаш, молчеше, а солзите се тркалаа низ убавото лице.. И тој молчеше, ја гледаше како пати. Не можеше ниту збор да и каже затоа што знаеше дека тоа уште повеќе ќе ја повреди. ,,Како можеше?,, – му рече. ,,Те сакав повеќе од се,,………………. Молк ги делеше…… Се сврте и замина. Како забавена снимка и се навраќаа сите слики од него, сите моменти со него, сите ноќи без него… вистината боли, а искушението уште повеќе. Ја повреди, многу. Солзите и се тркалаа додека одеше, се притискаше во себе, и да сакаше не можеше сама да се прегрне, барем тоа, ништо повеќе…. продолжи да оди, едвај штиклите ја издржаа…. се движеше брзо, а бавно. Ги бришеше солзите и одеднаш пушти глас… плачеше како мало дете, на цел глас. Сама, немаше никој околу неа, а беше млада.
,,Зарем боли толку,, – си рече. ,,Зарем и ова боли? Се што не е за тебе боли? Се што разочарува боли? За се што ,,не сакаме,, да зажалиме боли? За затворено срце боли?,, Седна на една клупа, скриена од се, мислиш за неа ја ставиле, да тагува и да ги собира солзите, да го исплачи она што е внатре, она што ја разјадува… таа слика која портретно и е вмрежана во главата и како снимка на стара лента оди напред назад…. Стуткано плачеше додека телефонот и ѕвонеше. Не сакаше да ја слуша ниту неговата музика, ниту сликата негова…. сакаше да е сама, со себе, со болката и раната….која остана лузна. Одеше во непознат правец… размислуваше. Ако толку ја сакаше зошто ова? Ако толку правеше се за неа, зошто ја уништи? Ако беше негов свет, зошто ја скрши? Ако плачеше за неа, зошто таа сега плаче за него? Ако тие беа приказна, зошто станаа исповед? Боли… а тој зажали.
Ја сакаше искрено или ја сакаше нејзината љубов, нејзината посветеност, или сакаше да е вистински сакан? Беше збунета, трепереше цела… младоста му ја посвети него………………….,, Но сега е поинаку,, – си рече самата – ,,сега сме возрасни, одлучни и свесни…,, Не сакам да се навраќам на тоа тоа што било. Немам право на тоа, решив да простам и простив… останав со него, се вратив во неговиот живот. Но во овој момент, што мислам? Му простив ли? Дали се простува такво нешто, а да те прогонува потоа цел живот? ,, Никогаш не дозна. Се бореше со тие мисли секој ден, секој момент, сама на себе. Се смееше со сите, разговараше како ништо да не чувствува. А чувствуваше, и тоа како чувствуваше.
,,Не,, – си помисли- ,,не сакам ниту да мислам пак на тоа, поминаа години….,, Седеше на масата со коктелот во едната рака, а со цигарата во другата. Беше многу сменета од тогаш. Беше поцврста, посамоуверена, со крената глава, дотерана од глава до пети, се смееше и уживаше. Ако тогаш седеше и го чекаше со телефонот во рака…иако него цела вечер го нема, сега ужива во моментите затоа што верува дека таа дадена шанса нема тој да ја прокоцка, ако ја сака, а ја сакаше, и таа него. Многу се сакаа, души.
Одеднаш, порака на мобилниот. Цел ден се немаа слушнато, проблеми од претходната вечер нели. ,, Ми недостигаш!,, – и напиша. Се насмевна толку искрено и длабоко. Колку мал гест, а скокна во облаци од среќа. Два збора, два збора се потребни да ти се стопли душата, и цел свет да е твој. ,,Те сакам!,, – врати. Немаше нeполни 5 минути, дојдe каде што беше седната со друштвото. И блеснаа очите, не можеше да ја симне насмевката од лицето. Ја прегрна силно, ја бакна.. ја бакнуваше без престан…,, те сакам и јас,, – и рече.,, Остави ме да те сакам како што знам јас, а знам и повеќе од ова, само тебе знам да те сакам.,, Го гледаше и плачеше. ,, Не сакам да те изгубам, не сакам да ми се лизнеш од раце, не сакам да си до мене, а да не си со мене. Те сакам само за себе, само за себе… и да љубоморна сум, ама разбери ме. Не сакам да ја прокоцкаме шансата, не сакам ТИ да го прокоцкаш она што ти го доверив – моето срце,, – му рече.
Ја гледаше внимателно и беспрекорно… ,,не плачи,, – рече. ,,Убава си и со солзите на лицето, ама прекрасна си без нив. Никогаш нема да те расплачам пак, никогаш, запомни, ти ветувам. Може згрешив одамна… ама сега си моја пак, и не те оставам, нема да си дозволам да те изгубам пак. Ти си ми се, за тебе живеам, и не знам по кој пат ти го кажувам ова, ама да знаеш дека искрено го мислам.,,
Ја фати за рака и и’ рече – ,, се ќе биде во ред,,
Се насмевнаа и седнаа заедно, таа со своето друштво а тој до неа, таа со својот коктел, а тој со неа. Таа со цигара во раката, тој пак со неа. Таа се смееше на цел глас, зрачеше со позитивна енергија и покрај исплаканите очи, таа блескаше со својата убавина, а тој? Тој ја гледаше толку внимателно и немаше потреба ништо да рече, уживаше во таа глетка, уживаше во нејзината среќа и светнати очи. Беше благодарен самиот на себе што и овозможи среќни и прекрасни моменти, затоа што таа го заслужи барем тоа.
…Мередит Кортни…