Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Десничарската влада на премиерката Џорџ а Мелони, исто така, им обезбеди на регионите – Емилија-Ромања и Марче – итна помош од 20 милиони евра.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.
Во меѓувреме, дојде до лута размена на зборови меѓу Рим и регионалните влади на поплавените подрачја. Нело Мусумечи, десничарскиот министер за цивилна заштита, ја обвини социјалдемократската администрација на Емилија-Ромања дека не ги искористила соодветно парите што веќе биле обезбедени, јави ДПА.