Главниот уредник на „France Football“, Винсент Гарсија изјави дека Реал Мадрид врши притисок врз него да го дознае името на добитникот на Златната топка за 2024 година.
– Реал Мадрид ми вршеше притисок да дознам дали Винисиус победил и можеби мојот молк ги натера да помислат дека нивниот фудбалер не е добитник на наградата, па не се појавија на манифестацијата, изјави Гарсија за „L’Equipe“.
Во Париз синоќа се одржа церемонијата на доделување на „Златната топка“. Добитник на наградата е играчот од средниот ред на Манчестер сити и репрезентацијата на Шпанија, Родри, кој во гласањето беше пред играчите на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам.
На церемонијата не присуствуваше ниту еден претставник на Реал Мадрид.