Во Газа денеска пристигнаа само 36 камиони со хуманитарна помош, предупредија од палестинските власти, нагласувајќи дека неопходни се барем 600 камиони дневно, бидејќи потребите на населението се сè повеќе влошуваат.
Според податоците од канцеларијата за медиуми на палестинската влада во Газа, поголемиот дел од хуманитарната помош е ограбен и украден, како последица на безбедносниот хаос што Израелската окупација систематски и намерно го продлабочува, известува Скај њуз.
Во соопштението се апелира за итно отворање на премините, како и за пристигнување на доволно количество помош, особено млеко за новороденчиња. Најостро се осудуваат продолжувањата на злосторствата поврзани со изгладнување на населението.




