Во Гостивар пожарникари интервенирале на паднато дрво од силниот ветер

Невремето проследено со силен ветер вчера, кој во одредени делови надмина 70 км на час, предизвика низа проблеми и штети низ земјава. Пријавени се случаи на оштетувања на електрични столбови, кровови на објекти, фасади, автомобили, како и паднати дрвја.Во извештајот на Центарот за управување со кризи бележан е случај на паднато дрво и во Гостивар.

Како што стои во информацијата Територијалната противпожарна единица Гостивар, од 16.45 до 17.15 часот со противпожарно возило и 3 пожарникари, имале техничка интервенција на паднато дрво на ул. „Никола Парапунов“ во градот.
Други проблеми од јакиот ветер на гостиварското подрачје до сега не се пријавени.

Извор