Во Индонезија небото како сцена од апокалиптичен филм (ВИДЕО)

Небото над една индонезиска провинција минатиот викенд попримило црвена боја поради природниот феномен и големите пожари кои што зафатиле поголем дел од оваа земја.

Секоја година пожарите во Индонезија создаваат магла која понекогаш и го прекрива целиот реон во југоисточна Азија. Метеролозите за Би-Би-Си објасниле дека небото стануа необично поради природниот феномен „расејувањето на Рајли“. Како што тие наведуваат овој феномен предизвикува сина нијанса на небото во текот на денот, а црвена боја на зајдисонце.

Станува збор за расејување на светлината која се создава кога елктромагнетните бранови ќе се судрат со честичките во атмосферата. Една жителка на провинцијата Џамби, која ја снимила фотографијата со црвеното небо, изјавила дека оваа магла и ги „повредила очите и грлото“. Оваа 21- годишна девојка откако ја објавила фотографијата на Фејсбук била споделена 34.000 пати. Многумина за оваа фотографија сметале дека е измама.

 

„Вистина е. Јас јас сликав и го снимив видеото со мојот телефон“, рече таа. Метеоролозите велат дека сателитските слики потврдуваат дека се регистрирани бројни „жаришта“ во тој регион на Индонезија. Професорот Кох Ти Јонг, од универзитетот за социјални науки во Сингапур, го објасни феноменот за Би-Би-Си.

„Во маглата има најмногу честички големи околу 1 микрометар, но тие не ја менуваат бојата на светлината, Тоа го прават помали честички со големина од околу 0,05 микрометри или дури и помали. Нив ги нема многу, но доволно да распрснат повеќе црвена светлост од сина“, изјави тој.

Според него, факт е дека фотографиите се направени околу пладне, така што небото изгледа уште поцрвено. Професорот исто така рече дека овој феномен не влијае на промената на температурата на воздухот. Според Би-Би-Си, овогодишната магла е „најлоша“ во последните неколку години и е предизвикана од огромните пожари што ги погодија Индонезија и Малезија оваа година.

- Реклама -