Професорка на римскиот универзитет побарала дводневно платено отсуство од работа за да може да се грижи за своето болно куче. Госпоѓата живеела сама, а на кучето му била потребна итна ветеринарска помош. Работодавачот без проблем ѝ допуштил отсуство од предавањата, а во објаснувањето навел „сериозни лични или семејни проблеми“.
Италија е земја со 60 милиони жители, ама и со 60 милиони домашни миленици. На куќните љубимци Италијаните трошат по околу 2 милијарди евра годишно.
Италијанскиот кривичен закон, во меѓувреме, предвидува едногодишна затворска казна или парична казна во износ од 10.000 евра за секој што ќе напушти домашен миленик или ќе го остави во „неиздржливо страдање“.
Се работи за важен чекор напред кога се работи за грижата за животните“, вели Џанлука Фелицети – претседател на италијанското здружение за права на животните LAV.