Во изборната кампања во Јапонија има и… мачка

cmvtjr1uiaae8xt[1]

Ако нешто научивме од интернет, тоа е дека луѓето се опседнати со мачки. Во Јапонија ситуацијата е уште подрастична, а тоа добро го знае Сатоши Шима – поранешен член на јапонскиот парламент. Тој верува дека вклучувањето на мачка во кампањата може само да му ги зголеми шансите да го претставува регионот Микава во претстојните избори.

Според Kotaku, повеќето јапонски изборни реклами се состојат од слика од ликот на кандидатот и слоган. Ништо посебно. Но, лицето на Шима, во некои од неговите реклами, е речиси целосно засенето од крупната слика од мачка – стратегија што се чини дека привлекува повеќе внимание кон неговата кампања (тоа што сега пишуваме за ова е уште еден доказ).

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

cmwtn87ucaarljj[1]

Мачката на Шима се појавува дури и кога сакате да му пратите меил преку неговиот официјален вебсајт.

untitled_37[1]

Останува да дознаеме дали мачката е на Шима, и дали некогаш заедно ќе се појават во јавност. Има време – изборите ќе завршат во декември 2018.

- Реклама -