Во израелски напад на Либан загина командант на Хезболах

Израелските воздухопловни сили го убија Мухамед Касем Ал Шаер, командант на елитните сили Радван на Хезболах во јужен Либан, се вели во денешното соопштение на портпаролот на единицата на ИДФ.

Нападот се случил во јужното село Караун.

Според соопштението, артилерискиот оган бил истрелан од армијата и кон селата ас-Савана и Ајта ал Шаб во јужен Либан.

Либанската група Хезболах потврди дека „длабоко на територијата на Либан“ е убиен нивниот командант.

Прочитајте и:  Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел
- Реклама -