Во израелски ракетен напад врз јужен Либан загинаа новинарка и снимател на либанска телевизија

Новинарка и снимател на либанската телевизија Ал Мајдин и уште едно лице загинаа денеска во израелски ракетен напад врз јужен Либан, во близина на границата меѓу двете земји.

Либанската новинска агенција јави дека инцидентот се случил во близина на градот Тир Харф. Телевизијата Ал Мајадин објави дека Израел намерно го гаѓал нивниот тим.

Како што се наведува, новинарката и снимателот на таа телевизија загинале кога врз нив биле испукани две ракети од израелски воен авион веднаш по вклучувањето во програмата.

МИА

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери
- Реклама -