Луѓето во Јужна Африка се соочија со вонредна состојба овој викенд бидејќи невообичаено обилните снежни врнежи предизвикаа хаос на патиштата низ земјата. Итните служби деноноќно се на терен и се обидуваат да го расчистат патот за сообраќајот да започне нормално.
Дека снегот изненади многумина говори и фактот што многу возачи останаа заглавени во своите автомобили, а им беа доставени оброци и ќебиња.
It is snowing in South Africa. There is snowfall in Eastern Cape, KwaZulu Natal, Free State and Gauteng. pic.twitter.com/Oi257NXYtA
— Africa Facts Zone (@AfricaFactsZone) September 21, 2024
Во некои области наврнаа и до два метри снег. Јужноафриканската метеоролошка служба издаде портокалови предупредувања за неколку делови од земјата, предвидувајќи натамошни врнежи од снег. Метеорологот Лутандо Масимини рече дека станува збор за „екстремен случај“.
Овој редок феномен привлече голем број луѓе да патуваат до снежните подрачја за да го видат снегот.