Во Сеул, најголемиот град во Јужна Кореја, се изработи проект, вреден околу 100 милиони долари.
Целта на проектот е да се подобри женската позиција, за за таа цел се направени 7.000 женски тоалети, подлога на тротоарите создадена од сунѓер ( за полесно чекорење на потпетици), како и женски паркинг места.
Тие се означени се разбира со розева боја, а да биде полошо просторот за паркирање е многу поголем за разлика од стандардниот.
Освен тоа, во непосредна близина има лифт и влезови, за да не се мачат жените одејќи пеш.
Слична иницијатива покренаа и Кина, Кувајт, Малезија, Индонезија, но и Австија и Германија во Европа.