Во Косово приведен Алил Демири, баран со потерница за убиството кај Смилковско езеро

Полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, денеска во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро.

Како што соопштија од МВР, тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред надлежен судија.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Прочитајте и:  Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

МИА

- Реклама -