По разделбата со актерката Кристен Стјуарт Патинсон очигледно одлучил да го среди и домот во Лос Анџелес, каде што двајцата живееле. Тој ја најави куќата за продажба со цена 6.75 милиони долари. Површината е 371 квадратни метри, има три спални и четири бањи. Домот зафаќа парцела од 1.45 хектари, има градини, базен, па дури и водопад во дворот. Актерот ја купил куќата во 2011 година за 6.275 милиони долари.