Топ моделот Жизел Бундхен и нејзиниот сопругот потрошиле огромна сума, со цел да изградат еколошка куќа. Таа се наоѓа во Лос Анџелес со површина од 1300 квадратни метри, и поглед кон Тихиот Океан.
Жизел нарачала француски прозорци, многу камини, модерна кујна, фитнес, мармор во бањата и огромни плакари. Однадвор има голем базен и убаво обликувани градини. Домот користи соларни панели и е изграден од рециклирани материјали. Изградбата чинела 20 милиони долари. Уживајте во галеријата.