Според податоците од Државниот завод за статистика, ова зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен главно се објаснува со растот во секторите транспорт и складирање, кој изнесува 15,6 проценти, дејностите поврзани со недвижен имот, каде што зголемувањето е 12,2 проценти, и информациите и комуникациите, со пораст од 11,6 проценти.
Извор: Државен завод за статистика
Во однос на претходниот месец, зголемување на просечната месечна исплатена нето плата поврзано со вработените е забележано во секторот транспорт и складирање, со 10,9 проценти, во дејности поврзани со недвижен имот, со 9,1 процент, и во информациите и комуникациите, со 8,5 проценти.




