Во музејот на њујоршките ѓубретарци

Алтернативен наслов: Натан Молина – ѓубреџија со пасија.

Работи како ѓубреџија во Њујорк повеќе од 29 години, а токму толку трае неговата колекционерска дејност. Прво почнал ситно, па наскоро имал доволно да наполни цела соба, за на крај да создаде еден соптвен приватен мини-музеј. Доволен е краток поглед и човек веднаш сфаќа дека неговите „експонати“ сé многу повеќе од ѓубре. На пример, „Ѕвездата на Давид“ што потекнува од Светскиот трговски центар и е направена со оригиналниот челик од „Кулите близначки“. Засега вратите на музејот се затворени за јавноста, ама Молина е душа човек и вели дека ако некој се пишмани за нешто што фрлил, може слободно да дојде да си го земе. Единствено што Молина бара за возврат е заедничка фотографија.

Прочитајте и:  Музеј или џамија? Остри реакции по отворањето на првиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство

- Реклама -