Во најголемото турско езеро најдена тврдина стара 3.000 години (видео)

При подводните ископувања во најголемото турско езеро – Ван, остварено е фасцинантно откритие – тврдина стара 3.000 години. Научниците веруваат дека потекнува од ерата и на народот и кралството Урарту, кога нивото на водата во езерото било пониско за неколку стотина метри.

Откритието е дело на археолозоите од универзитетот  Van Yuzuncu Yil, нормално, помогнати од професионални нуркачи. Водачот на нуркачкиот тим – Тахсин Сејлан, изјави дека рушевините се дел од голем изграден терен, кој се протега и до еден километар. Висината на видливите ѕидови е меѓу 3 и 4 метри.

Прочитајте и:  „Вкусот на Турција“ во Скопје
- Реклама -