Гол шоу на Купот на Конфедерациите, Италија губеше со 2-1, но на крајот успеаа да ја совлада Јапонија со 4-3.
Јапонија имаше фантастичен старт на натпреварот успевајќи комплетно да ја надигра фаворизираната Италија.
Во 21. минута беше досуден пенал за Јапонија по прекршок од Џиџи Буфон, сомнителна одлука на судијата.
Хонда сигурно го реализираше ударот од белата точка за водство на Јапонија од 1-0.
Во 33. минута Кагава го зголеми водството на Јапонија на 2-0.
На четири минути до крајот на првото полувреме Италија се врати во игра, Пирло нафрли од корнер, Де Роси биеше убаво со глава и намали на 2-1.
По пет минути игра во второто полувреме грешка на Јапонците, Учида си постигна автогол за изедначување на 2-2.
Само две минути подоцна комплетен пресврт, Италија поведе со 3-2 со гол на Балотели од пенал, човекот кој не знае да промаши од белата точка.
Во 69. минута Оказаки постигнува одличен погодок со глава за изедначување на 3-3.
На четири минути пред крајот на натпреварот, убава акција на Азурите, Маркисио асистира до Џовинко на кој не му беше тешко да донесе победа и пласман во полуфиналето од Купот на Конфедерациите.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал