„Кога носите хиџаб, не така безгрижно можете да влезете во фризерски или козметички салон. А сакате да влезете, сакате да се дотерате, сакате да изгледате како најпрекрасна жена на светот, но тогаш морате да барате да ве стават во некоја соба позади“, вели една млада клиентка на Худа – сопственичката на првиот козметички салон за жени кои носат хиџаб во Њујорк.
„Освен тие од нашето семејство, како сопруг, татко, брат, други мажи не смеат да нè видат со непокриена коса, па го создадовме овој салон за жените кои носат хиџаб, но и оние кои од нерелигиозни причини едноставно не сакаат да бидат видени од мажи додека се дотеруваат, како еден вид на безбеден простор каде жените можат да бидат свои. Во обичните салони не можете да сте раат, бидејќи цело време има мажи што влегуваат во салоните“, објаснува сопственичката, која е многу популарна меѓу муслиманската женска заедница во градот, уште од времето кога немала салон, а шминкала приватно.