Во областа Атика ќе се рушат над 3000 дивоградби

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, најави дека ќе се рушат дивоградбите во областа Атика, која беше зафатена од катастрофалниот пожар.

Токму овие нелегално изградени објекти биле причина за отежнатото спасување и блокирање на споредни патчиња, по кои можело да се бега.

Ципрас, чија Влада се соочи со низа критики дека за време на пожарите не реагирала доволно брзо, рече дека рушењето на 3200 објекти во Атика ќе почне веднаш, и истото ќе биде проширено и кон Атина.

По ужасниот исход од пожарите, неколку локални функционери си поднесоа оставки.

- Реклама -