Во петок на 21 јуни во 20 часот, во КПЦ Јадро ќе се отвори завршната групна изложба од програмата „АРТС ХАБ“ – „Во постојано движење“.
Во рамки на оваа програма беа поддржани пет колаборативни и партиципативни пректи, кои на изложбата ќе бидат претставени преку селекција од дела и траги од креативните процеси реализирани во периодот 2023/24 година:
– „Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје“ на Озбек Ајваз
– „Вештини за оживување“ на Клелија Живковиќ
– „Одржливи заедници“ на Никола Узуновски
– „Драгославија“ на Тодор Трпевски, Дарио Дончевски и Зорица Зафировска
– „Кадри на ранливост“ на Наташа Неделкова, Миле Неделков и Амир Карахасан
Настанот зпочнува во 12часот пред КСП Центар-Јадро со мал хепенинг во кој Никола Узуновски ќе подготвува храна користејќи го методот на соларна кујна, а изложбата ќе може да се погледне во текот на целиот ден.
Програмата Артс Хаб се реализира со финансика поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.