Во ресторанот на Бали Бег

Бурак Оџавид, познат како Бали-бег од серијата „Величествениот“, годинава во Истанбул отвори ресторан кој што го носи  името на неговиот лик од серијата.

„Веќе неколку недели Бурак секој ден по снимањето на најновиот филм, патува низ летувалиштата на Егејското море. После ресторанот, тој планира да пронајде и идеално место за изградба на хотел“, вели блиска пријателка на актерот.

Ресторанот работи одлично, па сега бара место за изградба на хотел кој исто така ќе го нарече по воинот кој му служел на Сулејман.

Замислено е секоја соба да има детали од воената опрема на Бали-бег. Бурак во однос на отворањето на хотел, побарал совети од Кенан Имирзалиоглу, популарниот Езел, кој со години има мал хотел во Истанбул.

- Реклама -