Во романот „Игра на престоли“ има дури 284 смртни случаи

Британска издавачка куќа ја означи секоја смрт од романот „Игра на престоли“, а фотографијата стана вистинки хит на интернет.
Авторот на планетарниот хит Џорџ Мартин при пишувањето на книгата бил ептен немилосрден. Во своето дело усмртил дури 284 ликови. Покрај тоа не не поштедил ниту од надежта дека постојат главни ликови кои секогаш преживуваат на крајот. Инспирирана од сево ова издавачката куќа Вотерстонс од Велика Британија, одлучила со помош на стикери да ја обележи секоја смрт што била опишана.

Најмногу мртви има во третиот дел „Бура на мечеви“, дури 97. Во првиот дел Мартин осмислил 54 смртни случаи, а во вториот 73. Додека во останатите се забележанин 23 и 38.

 

- Реклама -