Во себе носела два тумори: Изгледала како да е бремена

Актерката призна дека ја извадила матката откако докторите во јуни оваа година и пронашле два тумори на јајниците.

article-2446384-188E5B0900000578-79_306x45445-годишната Патси Кенсит, која е најпозната по улогата во „Смртоносно оружје“ во кој глумеше заедно со Мел Гибсон, годинава преживеала многу тешки моменти и била сериозно загрижена за нејзиниот живот.

Патси, чија мајка 20 години се борела со ракот и на крајот починала кога ќерка и имала 24 години, изјавила дека туморите биле толку големи што стомакот и изгледал како да е во седмиот месец од бременоста.

Актерката ја открила оваа тајна во нејзината автобиографија „Absolute Beginner“ во кој напишала и дека за болеста не им кажала на нејзините синови Џејмс, 20, и Ленон, 14.

„Како самохрана мајка свесна сум дека морам да им бидам на момците повеќе мајка, а помалку пријателка. Како дете видов премногу болести така што не сакам и своите деца да ги изложам на слично искуство“, признала за Sunday Mirror поранешната сопруга на пејачот Лиам Галагер.

Проблемите на Патси со болеста почнале во 2011 година кога на рутиснки преглед и била откриена циста на јајникот. На ултразвук било утврдено дека станува збор за тумор со големина од 17 сантиметри што се сместил на нејзиниот јајник.

3vded-pw5_ru-patsy-kensit-aktery-pe

На акерката и олеснало кога дознала дека туморот е од бениген карактер, па набрзо и бил отстранет.

Но, во јуни оваа година, откако била упатена во болница поради воспаление на белите дробови, при преглед на стомакот и биле пронајдени уште два тумори на јајниците, со големина од 6 сантиметри. Со договор со лекарот и со оглед на тоа што мајка и починала од рак, Патси решила да направи хистеректомија, односно вадење на матката за туморот да не се прошири.

kensit_2090964b

Поради страв од зафаќање на градите била спремна и на двојна мастектомија, но докторите и рекле дека за сега нема потреба од тоа.

- Реклама -