Случајот со волкот во Скопје: Загрижувачки текот на настаните
Не можам да поверувам колку неодговорни поединци постојат, кои на ваков начин се однесуваат кон дивите животни, сериозно загрозувајќи ја безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само недозволиво, туку и реална опасност за целата околина.
Волкот беше пронајден во населбата Козле и згрижен откако бил врзан за бандера. Според информациите од скопската зоолошка градина, животното било мирно и питом. Сега е безбедно транспортирано во градината, каде ќе биде во карантин под постојан здравствен надзор од експерти. Во акцијата учествуваа и припадници на Министерството за внатрешни работи, како и претставници од Град Скопје.
Градоначалникот на Скопје во својот статус на социјалните мрежи потенцираше дека е неопходно да воспоставиме ред и да изградиме похумано, побезбедно и одговорно општество, во кое законите важат за сите, а животните се третираат со грижа, а не како објекти за нечие иживување.
Од Зоолошката градина апелираат кон јавноста дека чувањето на диви животни како домашни миленици е забрането и опасно. Волците не можат да бидат миленици; тие се диви животни со свои инстинкти и потреби. Оттаму, упатуваат повик до граѓаните да ги пријават сите случаи на нелегално чување диви животни.




