Управата за јавни приходи попладнево информираше дека во тек е исплата на парите од МојДДВ за третиот квартал од годинава (јули, август септември)
„До сега се изготвени налози за поврат кон 370.603 лица во износ од 658.280.592,00 денари. За реализација преостануваат 212.169.331,00 денари за 120.000 корисници на апликацијата МojДДВ. Согласно евиденцијата на Управата за јавни приходи 5.487 лица ја немаат ажурирано својата трансакциска сметка во својот профил на МојДДВ, и од таа причина за тие лица не можат да бидат изготвени налози за поврат. Апелираме до корисниците на апликацијата МојДДВ, да ги ажурираат податоците, односно, да ја внесат личната трансакциска сметка со цел УЈП да може да го реализира повратот на средствата кон корисниците. “, нагласуваат од УЈП.
Законскиот рок за исплата на повратот на МојДДВ за третиот квартал е до 30 ноември.
Откако ќе заврши реализацијата на редовниот поврат (трет квартал), од УЈП најавија дека ќе се отпочне и со реализација на средствата за коринисците кои имале неажурирани податоци и немало можност да се исплатат средствата во минатите квартали