Во текот на изминатите две години реализирани и започнати 60 спортски проекти вредни над 21 милион евра – спортот повторно станува национален приоритет.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, на денешната прес-конференција во Владата, направи отчет за сработеното во последните две години откако е формирано Министерството за спорт. Тој ја презентираше реализацијата на проекти, капиталните инвестиции во спортската инфраструктура и идните планирани активности.

Ристовски истакна дека во период од само две години, Министерството реализирало и започнало 60 спортски проекти, со вкупна вредност од над 21 милион евра. Ова е во контекст на претходната владина администрација која во текот на четиригодишниот мандат реализирала само 33 спортски проекти. Тој нагласи дека владата повторно го поставува спортот како еден од националните приоритети.

„Ние не сме тука за да зборуваме за ветувања, туку за да дадеме отчет за нашето сработено. Отчетот е видлив, измерлив и сравнување со претходните активности податок. За само две години реализираме 60 спортски проекти, што не е политичка пропаганда, туку ригорозен факт“, нагласи министерот Ристовски.

Во своето обраќање, министерот посочи на значајната реконструкција и започнување на нови инфраструктурни проекти, како спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и Гевгелија, спортската сала во Радовиш, а тука е и конструкцијата на нови спортски сали во Општина Аеродром и Крушево. Исто така, беше најавена изградба на нови трибини на Градскиот стадион во Тетово и бројни игралишта, мултифункционални терени и спортски објекти.

Ристовски нагласи дека покрај инвестициите во инфраструктурата, Министерството воведе потранспарентен систем за распределба на средствата, со цел државната поддршка да биде насочена кон спортистите, клубовите и федерациите.

„Ова не се само бројки. Ова се објекти во кои нашите деца ќе тренираат. Овие инвестиции ќе служат за идните генерации. Некој четири години имаше изговори за недостаток на средства, но покажавме дека проблемот не е во парите, туку во приоритетите“, изјави Ристовски.

Тој исто така се осврна на активностите за јакнење на законитоста и транспарентноста во спортот, нагласувајќи дека Министерството активно соработува со надлежните институции за разрешување на било какви сомнителни случаи на незаконито работење и корупција.

Министерот најави дека Министерството ќе продолжи со нови капитални инвестиции, изградба на нови спортски објекти и уште поголема поддршка за спортските федерации, клубовите и младите таленти.

„Нашата цел е да изградиме систем кој ќе создаде шампиони и инфраструктура што ќе служи децении. Продолжуваме со нови инвестиции, нови проекти“, заклучи Ристовски.

На крајот, министерот се заблагодари на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, за неговата поддршка и визија за повторно поставување на спортот како национален приоритет, и нагласи дека овој успех е резултат на тимска работа и колективна посветеност.