Кога ќе се спомене Трансилванија прво што ќе ни падне на памет е секако грофот Дракула, неговиот замок и амбиентот со изглед на оние од хорор филмовите.
Меѓутоа, малкумина знаат дека во подножјето на Карпатите, во срцето на Трансилванија лежи замок во кои господарат вили.
Поточно, “Глинениот дворец во Долината на вилите“ што би било превод од името “Kaštel de Lit Valea Zenelor“.
Станува збор за навистина бајковито гратче од глина и песок кое со својата архитектура припаѓа на некое друго време.
Комбинацијата на дрвјата, камењата и глината во природниот амбиент полн со цеќиња прави овие куќи да личат на украси од марципан на некоја интересна торта.
Ова вилинско село го измислил брачниот пар кој решил да каже збогум на корпоративниот начин на живот и целиот свој имот да го вложи во инвестиција на дворец сместен во местото за кое ретко кој слушнал.
Принципот според кој се раководеле е природно опкружување, сè што ќе се направи да биде од природен материјал така што покрај глината доминираат каменот, сламата и дрвото. Истиот принцип важи и за кујната и ресторанот кои што планираат да ги отворат и каде што сите намирници што ќе се употребуваат мора да бидат од органско потекло.