Во Турција евакуирани над 50.000 луѓе поради шумските пожари

Повеќе од 50.000 луѓе беа евакуирани поради опустошувачките шумски пожари што избувнаа во западната Турција, главно во провинциите Измир и Маниса, како и во југоисточниот округ Хатај. Оваа информација ја потврдила турската Агенција за вонредни ситуации.

Според известувањата, над 50.000 граѓани од 41 различно место биле времено префрлени на безбедни локации. Најтешко погоден е округот Сеферихисар во провинцијата Измир, каде што пожарите започнале вчера. Во овој округ, еванкуирани се 42.300 лица од шест локалитети. Покрај тоа, од окрузите Маниса и Хатај, 2.936 и 1.500 луѓе исто така беа префрлени на безбедни места. Агенцијата посочува дека 79 лица накратко биле хоспитализирани поради пожари.

Во окрузите Измир, пожарите уништија 132 куќи и една деловна зграда, додека во Билеџик беа оштетени 64 куќи, три деловни објекти и 20 амбари.

Гаснењето на огнот продолжува и утрово во окрузите Измир и Маниса, додека денеска избувна нов пожар во близина на центарот на градот Хатај, што предизвика паника меѓу жителите.