Во училиштата во Холандија целосна забрана за користење на мобилни телефони

Училиштата во Холандија воведоа целосна забрана за користење на мобилни телефони. Телефоните во средношколските училници се забранети од почетокот на оваа година, а мерката се прошири и во основните училишта.

Холандското Министерство за образование соопшти дека мобилните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците и ја намалуваат нивната концентрација, што негативно влијае на резултатите од учењето.
На студентите им е дозволено да користат мобилни телефони само од медицински причини или поради попреченост.

Извор