Во Виена се отвори „Музеј на селфи“

Во Виена се отвори музеј кој преку својата  “Instagram friendly” политика ( „пријателска политика на Инстаграм“) има за цел да привлече млади луѓе и да им овозможи да создадат свои уметнички дела во интерактивни простори.

Со sидови во живописни бои и големи предмети, музејот има сè што ви треба за совршено селфи.

„Бројот на млади луѓе кои одат во музеи се намали, па затоа се обидуваме да го победиме со социјалните мрежи“, рече Петра Шарингер, една од креаторите на Nofilter_museum.

„Тие сакаат да живеат на Интернет, постојано да се активни и да споделуваат информации“, додаде таа.

Музејот, содржи  24 соби, и е полн со интерактивни поставки со кои луѓето можат да се забавуваат, рече Петра Шарингер.

Посетителите можат да најдат совршени позадини за своите фотографии, како на пример можат да се сликаат пред ѕидови со различни бои и принтови, со топчиња, на маса со фамилија плишани мечиња во природна големина.

Музејот ќе биде отворен во наредните шест месеци и потоа би можел да биде преместен во други градови. Цените на билетите се движат од 15 до 29 евра за посета од 90 минути.

„Nofilter_museum“ им се придружува на голем број на вакви институции ширум светот кои ги таргетираат корисниците на социјалните мрежи, кои имаат за цел да создадат совршени фотографии и потоа да ги објавуваат на Инстаграм.

Голем број на инфлуенсери на Инстаграм веќе покажале интерес да го посетат музејот.

- Реклама -